Home / Uncategorized / СДСМ ќе го реши проблемот со паркирањето во градот

СДСМ ќе го реши проблемот со паркирањето во градот

Валентин Груевски, носител на листата за советници од СДСМ и Коалицијата истакна дека како идна локална власт  сериозно ќе го решат   проблемот на паркирањето во градот.

-За таа цел сакаме во наредниот период да изградиме катни гаражи и тоа и метални катни гаражи и од цврста градба. Катните гаражи ќе ги градиме во места каде што ќе добиеме согласност од локалните жители. Немаме намера да се конфронтираме со локалните жители. Втората работа која треба да ја направиме е да го регулираме паркирањето. Она што сега се случува со зонското паркирање во градот ниту го реши проблемот, ниту ја намали гужвата, едноставно гужвата во градот остана а паркирањето е скапо и недостапно за сите. Сакаме во наредниот период да направиме подостапно паркирање  и она што е најважно  поефтино паркирање. Тоа ќе го постигнеме и имаме мерки и цели како тоа да го направиме- изјави Валентин Груевски, носител на листата за советници од СДСМ и Коалицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*