.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Се чисти собирниот канал на Стрежево

Се чисти собирниот канал на Стрежево

Пред пролетните дождови и зголемените дотоци во периодот пред нас , вработените на  ЈП „Стрежево“ спроведоа континуирана акција за чистење на собирниот канал.

Од претпријатието велат дека континуираното чистење и одржување на отворениот собирен канал е приоритет на Стрежево од круцијално значење.

-Со оваа значајна активност се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и  воедно се обезбедува чиста животна средина. Собирниот канал од Хидросистемот Стрежево овозможува зафаќање на дел од водите на седум реки од Баба Планина и нивно доведување до месноста Превлец, а оттаму се внесуваат во сливот на реката Шемница, велат од ЈП Стрежево.

        Иаку ЈП Стрежево продолжува да спроведува сериозни технички зафати преку долгорочни решенија за подобрување на состојбата, со користење на вистински модели кои се во служба на водокорисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*