Home / Uncategorized / Се е подготвено за битолските “Оскари”

Се е подготвено за битолските “Оскари”

                  

          На  девет дена пред одржувањето на Манифестацијата на Битолски весник  “ Избираме најуспешни битолчани 2019 “  се е подготвено за битолските Оскари.

           Битолски весник  ги финишира подготовките за Изборот.

          Како што се наближува денот на одржувањето на завршниот дел на Манифестацијата, така се стеснува и кругот на кандидатите за признанијата.

          Конкуренцијата е навистина мошне силна.

          За некои од признанијата конкурираат дури по неколку кандидати.

           Пријатно изненадување за нас како  организатори на Манифестацијата е што годинава за признанијата конкурираат многу млади луѓе, кои во минатата 2019 година постигнале значајни успеси во својата област, со која се занимаваат.

           Но до среда 26 февруари, кога се затвора кругот на гласањето остануваат уште една недела. Дотогаш нашите читатели преку гласачките купони или на мејлот на Битолски весник можат да гласаат за своите кандидати.

        

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*