Home / Спорт / Се фузираат Пелистер и Еурофарм Работник

Се фузираат Пелистер и Еурофарм Работник

Силјан Мицевски е подготвен да се реши на чекорот кој го посакува цела Битола и ракометна Македонија.  Првиот човек на Еурофарм Работник и неговите најблиски соработници се подготвени да отстапат и да се фузираат со битолската гордост Пелистер. Се со цел да се обедини Битола во еден силен и моќен тим кој од новата сезона ќе се натпреварува во групната фаза од ракометната Лига на шампионите.

Како што е познато минатата недела екипата на Еурофарм Работник доби вајлд карта од ЕХФ за настап во најсилното клубско натпреварување во новата сезона каде пехарот го брани Вардар.

Битолски весник дознава дека во најскоро време ќе почнат првите чекори во операцијата Пелистер Еурофарм!!! Ваквото решение би било голема радост за битолчани и навивачката група „Чкембари“ кои по долги години пауза ќе бидат дел од ракометната елита.

Условот за фузијата е салата „Младост“. Силјан Мицевски е подготвен да инвестира и да ја направи според стандардите за натпреварите од Лигата на шампионите. Тука треба сега да дадат „зелен“ сигнал и градските власти и РК Пелистер кои исто така мора да направат отстапки за доброто на Битола, навивачите и ракометниот клуб.

Сопственикот на Еурофарм Работник најавил дека нема никакви шанси да игра во Скопје. Ако не успеел планот за „фузија“ со Пелистер тогаш ќе се одело на План „Б“! Реконструкција на салата во Ресен.

„Само еден град, само еден клуб  – само Пелистер (Еурофарм), само Битола!!!

Така пеат „Чкембарите“…!!! Така е и најреално и најдобро за сите од „градот на конзулите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*