Home / Uncategorized / Се разбиструваат работите за 27 април

Се разбиструваат работите за 27 април

Долгото и елаборативно сведочење на началникот при МВР, Тони Алексовски, денеска беше „размрдано“ откако во вкрстеното испрашување пристапи  да го испрашува судијката Добрила Кацарска.

Алексовски кој бил член на оперативниот штаб на МВР, формиран за протестите пред Собранието, на долго и на широко раскажување за функционкрањето на штабот и организациската структура.

Тој како сведок на началникот Душко Лазаров, кој бил дежурен член во оперативниот штаб на 27 април, рече дека иако Лазаров бил на работното место тој немал надлежност да ја спроведе наредбата на тогашниот министер Агим Нухиу, за што е и обвинет.

Имено, Лазаров во овој судски предмет се товари дека не ја испочитувал наредбата на Нухиу и не пратил засилување во Собранието за да се спречи насилството. Неговиот сведок, началникот Алексовски, појасни дека тој немал овластувања да издава наредби, туку наредбите биле издавани согласно ланецот на команди.

Највисоката златна команда му припаѓала на тогашниот директор на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков. Кога Кацарска почна да го испрашува сведокот, овие работи станаа појасни. Алексовски му го зададе првиот удар на Чавков кога го посочи како единствено одговорен за издадените наредби.

На прашање на Кацарска дали во ситуација кога има настан како 27 април, треба носителите на команди, како Чавков, веднаш да дојдат во оперативниот штаб, сведокот рече дека не знае дали треба да се појават во штабот или не и додаде:
-Во моментот кога е известен раководителот на оперативниот штаб за настаните тој треба да си преземе одговорност за издавањето на наредбите – рече Алексовски.
-Дали сметате дека мора некој да ги извести носителите на командите иало на телевизија имаше пренос од она штонсе случува пред Собранието? Па треба ли хиерархиски да чекате некој да ве извести вас членовите на оперативниот штаб, па да чекаме да се јави златната команда за да биде нешто преземено? Сепак се работи за полиција на Република Македонија – посочи Кацарска во прашањето до сведокот, на што тој рече:
„Главната задача и активности на членовите на оперативниот штаб беше да се преземат мерки и активности пред да се одржи јавниот собир, дали се испланирани потребните сили или ќе бидат потребни дополнителни. Доколку оние што се на терен не можат да се справат бараат дополнителна помош која им ја определува раководителот“ – одговори тој.
-Неколкумина полициски службенчки требаше да се справат со толпа од народ, видовме од снимките дека не биле многумина ангажирани, можеа ли тие сами да го заштитат животот на пратениците? – праша судијката.
-Поддршка можат да им пружат пред се полициските службеници од СВР Скопје, тие најбрзо можат да дојдат до местото. Втори се припадниците на одделението за специјални полициски операции, бидејќи согласно нивната поставеност мора да имаат предвидено потребен број на сили – рече тој.
Кацарска потоа праша дали е потребна наредба од златната команда за тоа, на што сведокот одговори:
-Началникот од СВР има овластување да ги повика веднаш полициските службеници и тие кои се на работа и оние кои се дома, додека службениците од одделението за специјални полициски операции се повикуваат со наредба на раководителот на оперативниот штаб – рече Алексовски задавајќи му уште еден „удар“ на Чавков, имајќи предвид дека тој во тој момент е раководител на штабот и е носите на златната команда.
Кацарска потоа праша дали на 27 април оперативниот штаб бил на висина на задачата, на што Алексовски одговори:
-Самиот факт што се случи да се премине оградата укажува дека задачата не е извршена – рече тој и со ова заврши неговото сведочење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*