Home / Градска хроника / Се спроведува пролетната дератизација во Општина Битола

Се спроведува пролетната дератизација во Општина Битола

Во тек е пролетната дератизација во Општина Битола што  Центарот  за јавно здравје Битола ја спроведува како општа противепидемиска мерка.

Ќе бидат опфатени вкупно 3.800 канализациони шахти.

Дератизацијата во останатите општини за кои е надлежна оваа институција веќе е завршена, а во тек е и постапка која ќе овозможи дезинсекција во општината.

-Вкупно 3 800 шахти ќе бидат опфатени во рамки на пролетната дератизација во општина Битола. Целата активност ја извршуваат екипи на Јавната здравствена Установа Центар за јавно здравје Битола и е планирана да трае до 26 мај. Оваа дератизација следува по завршувањето на дератизацијата во општините Могила каде беа опфатени вкупно 125 канализациони шахти, Новаци 145, Демир Хисар 320, Ресен 350 и Кичево 250, информираат од установата.

По дератизацијата ќе биде организирана и дезинсекција, прскање против комарци, за што процедурата е во тек. Дезинсекцијата ќе се извршува во неколку фази.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*