Don't Miss
Home / Политика / Се укинува екстерното испитување

Се укинува екстерното испитување

Утре пред собраниските комисии  на маса ќе се најдат неколку закони, мегу кои и законот за полагање на екстерно тестирање.

-Оваа година екстерно тестирање нема да има, изјави Рената Тренеска-Дескоска – кандидатка за министерка за образование СДСМ.

Ваквата мерка екс-министерот за образование од ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски ја оцени како популистичка,  која ќе им наштети на учениците.

-Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење кое се применува во сите европски земји. Укинувањето е популистичко додворување на учениците и родителите,и нивна злоупотреба заради политички поени”, изјави Спиро Ристовски од  ВМРО.

Уште од воведувањето,екстерното беше критикувано како од учениците и родителите, така и од наставниците. Тие тврдеа дека не дава реална оценка на знаењето на ученикот, туку дека претставува само дополнителен стрес, а наставниците чии оценки не се поклопуваа со резултатите од тестирањето, се соочуваа со казни. Oбвинувањата одеа дотаму дека екстерното се користи за пресметка со неистомислениците, додека власта секоја година тврдеше дека екстерното се спроведува успешно со мали техниччки проблеми.Екстерното тестирање оваа година треба да стартува в понеделник, а може да биде спречено само доколку до недела бидат изгласани измените на законот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*