.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Секое одлагање на седниците им ги полни кесињата на пратениците

Секое одлагање на седниците им ги полни кесињата на пратениците

Деновиве повторно се актуелизира прашањето за исплатениот надоместок за користење автомобили во лична сопственост за службени цели за патни трошоци на пратениците. Јавноста бурно реагираше откако ги дозна висините на патните трошоци кои ги зеле пратениците само за два до три месеци од почетокот на работата на Собранието годинава. Само за март и април некои од пратениците добиле и по 150 илјади денари (околу 2.400 евра). Реакции за високите патни трошоци имаше и СДСМ кога беше во опозиција.

Плусинфо се обиде да направи споредба на реалните трошоци со она што го добиваат пратениците пресметано според одлуката на Комисијата на избор и именување на Собранието која утврдува кој износ ќе се наплаќа.

Споредбата на износите на реалните трошоци со износите на надоместокот што го добиваат пратениците како надоместок за патни трошоци покажува разлика од 1.000 евра.
Ако еден пратеник кој секој ден патува од Битола за Скопје и обратно, поминува 338 километри (169 километри според пресметка на ЈП за државни патишта ).

Доколку неговиот автомобил просечно троши 8 литри (градско возење плус на отворен пат за бензинец од 150 коњски сили и за дизел од 136 коњски сили пресметки според WLTP горна граница на потрошувачка) тогаш троши околку 28 литри гориво дневно што би значело 1.778 денари ако автомобилот е бензинец (моментна цена на бензин 63,5 денари од 98 октани) и 1.344 денари (моментна цена на дизел 48 денари за литар) ако автомобилот има дизел мотор.

Во текот на патувањето тој треба да плати шест патарини на кои троши по 360 денари (патарината Скопје-Петровец чини 40 денари, Петровец-Велес 80 денари, додека пак Велес-Градско 60 денари).

Или вкупно трошоци за гориво и патарини има 2.188 денари ако вози на бензин и 1.704 денари ако вози на дизел.

Да земеме дека месечно во просек пратениците работат по 22 дена, тоа во бројки би значело 47.036 денари (764 евра) за автомобил на бензин и 37.488 денари (609 евра) за автомобил на дизел гориво.

На оваа сума не е пресметано одржувањето и амортизација. Трошокот за амортизација се пресметува по стапка од 25 отсто. За возило со цена од 10.000 евра, месечниот трошок за амортизација изнесува 208 евра. Тоа би значело дополнителни 972 евра за автомобил на бензин и 817 евра за автомобил на дизел.

Овие пресметки се по редовни цени на бензините и со највисока потрошувачка на автомобилите, патем дел од автомобилите со потрошувачка на гориво се движат во распон од 4,2 па до 7,9 литри на 100 километри, што значи и реалната потрошувачка на гориво е помала од нашите пресметки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*