Home / Спорт / Шенсои и Пелистер се разделија

Шенсои и Пелистер се разделија

Тоа што се насетуваше се оствари.

Наџи Шенсои не е повеќе тренер на Пелистер, а разделбата е со договор меѓу двете страни.Шефот на стручниот штаб што му ја донесе куп-титулата на Пелистер по 16 години пауза си заминува од Битола.

Шенсои беше прв човек во стручниот штаб на „зелените“ нешто помалку од една година, а успеа да го доведе клубот до една титула, таа во националниот куп. Но, лошиот резултат против Лех, кој во два меча го декласира Пелистер со вкупни 7-0 веројатно си го стори своето.

До понеделник битолчани ќе именуваат нов шеф на стручниот штаб на местото на Шенсои.

Засега не се знае точно кој ќе го наследи Шенсои. Но се шпекулира дека тоа ќе биде познато по завршувањето на одморот, на кој се наоѓаат “ пелистерци“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*