Home / Политика / Шилегов: Во Македонија ќе има нова одговорна влада

Шилегов: Во Македонија ќе има нова одговорна влада

Петре Шилегов, носител на листа на СДСМ во ИЕ 6‚ синоќа  изјави дека граѓаните на Теарце се приклучиле на остатокот на граѓаните на Македонија и гласале  за промени и живот.

-Со гордост можам да кажам дека граѓаните на Теарце се прилкучија на граѓаните на Македонија и денеска гласаа за промени, за живот во Македонија. Без оглед на притисоците кои беа присутни изминативе неколку дена излегоа храбро, достоинствено, и кажаа дека е доста. Тие како и остатокот на Македонија, бараме живот во оваа држава, одговорни институции, влада која ќе одговори на потребите на Република Македонија. Од овде во Теарце, ќе ја послушаме пораката која ја испратија Теарчани, а тоа е дека ќе има одговорна влада, која ќе воведе демократски промени во државата, институции кои ќе одговараат на потребите на граѓаните, во Македонија ќе има ново владино мнозинство. Гласањето овде е симболично и не влијае, во политичка смисла на зборот, на тоа кој ќе ја состави владата. По соопштувањето на резултатите ќе бидат соопштени и понатамошните наши чекори – изјави Шилегов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*