Don't Miss
Home / Македонија / Штајнмаер: Брзо да се формира влада и да се врати стабилноста во Македонија

Штајнмаер: Брзо да се формира влада и да се врати стабилноста во Македонија

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер попладнево со хрватскиот министер за надворешни работи Давор Штиер меѓу другите теми разговарал и за состојбите во Македонија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Штајнмаер во Берлин изјави дека и денеска но и во понеделникот каде централна точка на разговорите на минстрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се разговарало за состојбите на Балканот и пред се во Македонија.

– Се разбира се грижиме за нашите соседи во Европа. Во понеделникот имавме повод за зборуваме за западниот Балкан, пред се поради изборите во Макеодонија. Текот на изборите беше во ред како што ние слушнавме. Сега е важно колку што е можно побрзо да се формира влада и да се вратат стабилните прилики во Македонија – изјави Штајнмаер по средбата со шефот на хрватската дипломатија.

Штиер и Штајнмаер разговарале и за Србија и потребата и оваа земја и сите други во регионот да ги продолжат европските интеграции, а земјите коишто ги исполнуваат своите обврски да видат дека напорите се исплатат. Според Штајнмаер, потребно е да се задржи моментумот на проширувањето во Западниот Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*