Don't Miss
Home / Вести / Што пишуваше Порталот на Битолски весник, пред 1 година по почетокот на градбата на градинката во АРМ

Што пишуваше Порталот на Битолски весник, пред 1 година по почетокот на градбата на градинката во АРМ

Само што почнаа прекинаа работите за изградба на градинката

Posted by: Битолски Весник in Uncategorized 1 min ago 0 2 Views

Posted by: Битолски Весник in Вести April 7, 2021 0 243 Views

Општината Битола почна постапка на раскин на договорот со изедувачот БВ инженеринг поради ненавремено завршување на активностите за изградба на градинката во АРМ.

Ова го изјави градоначалникот на Битола Тони Коњановски на прашањето на советничката од СДСМ Елена Кромидаровска до каде е изградбата.

„Како стигнавме до овој резултат треба да одговорат и од опозицискиот СДСМ бидејќи за овој проект наследивме многу отворени прашања со изведувачот и најголем дел од вината ја сноси претходната локална самоуправа“, рече Коњановски.

Проектот за изградба на градинката го започна претходната локална власт кога беше најавено дека ќе се подигне со германската инвестиција и во добар дел со поддршка на Министерство за труд и социјална политика. Требаше да згрижува 150 деца со што ќе се намалеше листата на чекање што постои во градинките.

Порталот на Битолски весник уште пред повеќе од една година , поточно на 7 април 2021 година го постави прашањето за доцнењето на работите на градинката, но за таквите укажувања претходната локална самоуправа мува не ги лазеше.

Напротив бевме обвинети дека непотребно измислуваме афера.

Еве што пишуваше Порталот на Битолски весник по почетокот и престанокот на работите на градинката, кои беа стопирани веднаш по ставањето на камен темелникот.

                -Кога на 15 јануари годинава фирмата БВ инженеринг – Битола го означи почетокот на градежните работи на новата детска градинка која , по пат на јавно приватно партнерство заеднички  ја градат Општината Битола и фирмата “Кромберг и Шуберт“ многумина се израдуваа дека конечно Битола за брзо време ќе добие нова детска градинка со капацитет од 150 деца во една смена.

        Но за жал иако изминаа скоро 3 месеци од почетокот на изградбата на градинката работите стојат во место.

        Денеска кога  го посетивме просторот  во АРМ каде што се гради градинката не затекнавме ниту еден мајстор или градежен работник.

        За жал  согворниците кои живеат на тој дел од Битола ни рекоа дека таква е состојбата  уште од стартот на изградбата на градинката.

        -Освем што е  само заградено градилиштето, речиси три месеци  воопшто не се работи  на изградба на  градинката, ни изјавија нашите соговорници.   

Сите наши настојувања да бидеме информација од изведувачот на работите, фирмата БВ инженеринг зошто се прекинати или стојат  в место  работите, не вродија со плод.

        Едноставно од фирмата никој не не удостои со одговор.

        Навистина чудно е зошто  фирмата БВ инженеринг ги стопира работите.

        Инаку според планот  градинката ќе се гради во 2 фази. Првата  планирано е да биде завршена  за  24 месеци.

         Градинката зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.

         Фирмата БВ инженеринг  во изминатиот период, во мандатот на екс градоначалникот на Битола,  Владимир Талески  добиваше многу тендери и работеше на многу објекти, но за жал  некои од нив  сеуште не се пуштени во употреба.

Оваа фирма добиваше голем број тендери и во мандатот на Наташа Петровска.

БВ Инженеринг претходно под закуп го имаше земено и базенот кај Довлеџик, но подоцна договорот му беше раскинат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*