Don't Miss
Home / Uncategorized / СЈО ја тресе Скопска 1. Осомничените под лекарски надзор

СЈО ја тресе Скопска 1. Осомничените под лекарски надзор

Четири часа истражителите на СЈО се во зградата на Основниот суд Скопје 1, каде според засега непотврдени информации, поради молкот на надлежните од судот, се истражува работата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и уште неколкумина вработени во судот, за кои, според шпекулациите, учествувале во незаконити активности при работата на СЈО и преку одредени медиуми ја брифирале јавноста за тајноста на постапката која е пропишана.

Еден час по влегувањето на истражителите од СЈО (околу 13.30 часот), пред судот пристигна амбулантно возило чија лекарска екипа повеќе од три часа им дава лекарска помош на дел од лицата кои се „таргет“ на СЈО.

Адвокатот Драгољуб Дангов потврди дека е повикан дабиде застапник на едно од лицата кои се под истрага на СЈО. Зградата на судот е окупирана од бројни новинарски екипи, а објектот е под клуч неколку часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*