Don't Miss
Home / Uncategorized / СЈО тврди:Јанкуловска влијаела врз сведоците

СЈО тврди:Јанкуловска влијаела врз сведоците

Пасошот во Апелација си го побара и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска. Со нејзините адвокати, пред судиите, вети дека не планира да бега од земјава, и дека не влијаела врз сведоци, како што се сомнева Специјалното обвинителство.

Најголемиот дел од кариерата ја посветила на работа во интерес на државата, рече пред судиите. Подоцна пред новинарите го повтори ставот дека Специјалното обвинителство е политички извршител на партијата на власт на премиерот Зоран Заев.

„Не сум дала ниту повод ниту причина воопшто да биде предложена било каква мерка против мене, а не па да се изрече таква мерка. Сепак, јас верувам во објективноста на Судот и верувам дека судиите ќе работат согласно Законот, согласно аргументите, согласно фактите, и нема да се солидаризираат со исполнување на некаква политичка агенда. А она што и вие можевте да го видите е дека сите аргументи и факти одат во прилог на моите тврдења“, изјави  Гордана Јанкуловска, поранешена министерка за внатрешни работи.

Специјалното обвинителство во предметот Титаник ја товари Јанкуловска за злосторничко здружување, повреда на избирачкото прави , злоупотреба на службената положба и повреда на слободата на определување на избирачите. Пред судиите уште наведоа дека Јанкуловска од сведок има побарано да не дава исказ со кој би ја посочил. Поради ова СЈО бара притвор за Јанкуловска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*