Home / Uncategorized / СЈО во цајтнот

СЈО во цајтнот

В недела на 4 јуни истекува привиот рок во кој Специјалното јавно обвинителство може да поднесе обвиненија. Станува збор за рокот од 18 месеци кој истекува на 4 јуни, а кој е поврзан со предметите кои СЈО ги доби од обвинителството за организиран криминал и корупција и скопското обвинителство.

СЈО презеде повеќе од триесетина предмети, а воспостави надлежност над 34 предмети, вклучувајќи го и предметот „Пуч”. По неколку месечна анализа СЈО го повлече обвинението за „Пуч” бидејќи доказите во него биле во спротивност со доказите со кои тие располагаат, а се однесуваат на предметите за уништувањето на системите за прислушување „Тврдина” и за масовноста на прилушувањето „Таргет”.

До сега СЈО има поднесено три обвиненија, за шамарите во центар против екс премиерот, Груевски и за прикривањето на уништувањето на системите за прислушување против екс началникот на петтата управа Горан Грујевски и против градоначалникот на Битола, Владимир Талески и уште 20 други осомничени. За овие 18 месеци СЈО отвори и 20  истраги.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*