Home / Вести / Скопје пред изолација

Скопје пред изолација

Владата ја разгледува можноста како да се намалат комуникациите меѓу граѓаните во Скопје за време на викендот со цел да се намалат интеракцијата и блиските контакти.

Минситерот Венко Филипче не кажува дали се разгледува можноста за затворање на општините или целосниот влез и излез од Скопје, но вели дека сигурно ќе има нови мерки од понеделник со цел превенција од ширење на коронавирусот.

– Се разгледува можноста за градот Скопје. Во овој момент се дискутира по предлог од Комисијата за заразни болести за дополнително ограничување на комуникациите за време на викендот. Дискусиите одат во насока на тоа да се намалат дискусиите за време на викендот за да се намалат социјалните контакти и да се застане на патот на ширење на вирусот – посочи Филипче.

Во однос на Куманово останува само мерката да се прекине меѓуградскиот и градскиот превоз, но нема целосен карантин, како што е во Дебар и Центар Жупа.

– Во однос на Куманово, Владата одлучи да се прекине градскиот и меѓуградскиот превоз имајќи предвид дека еден од заболените живее во населба надвор од Куманово. Во иста смисла се разгледува и за градот Скопје. Добро е што повеќето од заболените биле во самоизолација – рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*