Home / Uncategorized / Следната недела нови обвиненија на СЈО

Следната недела нови обвиненија на СЈО

Следната недела Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе нови обвиненија Специјалната обвинителка Катица Јанева очекува судска разрешница за сите поднесени предмети.

До крајот на наредната седмица СЈО ќе поднесе нови обвинителни одлуки со кои се опфатени граѓани на Република Македонија меѓу кои има и високо позиционирани јавни личности и други лица вклучени во истрагата која се однесува на периодот од 2008  до 2015 -та година.

Ова го изјави специјалната обвинителка Катица Јанева посочувајќи дека досега се документирани само 12 проценти од доставените материјали а се преслушани 45 отсто од нелегално прислушуваните разговори.

 –Се надевам дека судот ќе обрне доволно внимание на нашите докази врз основа на кои ние ги поднесуваме обвиненијата и ќе ги продолжи и обвиненијата за да одиме на судитаму во судница да ги вкрстите нашите аргументи со обвинетите и нивната одбрана изјави,Јанева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*