Home / Политика / Следува соочување Груевски – Заев

Следува соочување Груевски – Заев

По сведочењето на Јовица Стефановиќ, познат во јавноста како газда Нини, на ред е соочувањето на тужителот и тужениот, Никола Груевски- Зоран Заев, кое е најавено за утре во Основниот суд Скопје 2.
Инаку газда Нини негираше дека купувањето на акциите во “Македонска банка “ се купени во четири очи и во директен договор со Никола Груевски.
– Акциите се купени од „Јака Радовиш” на берза, а јас само го потпишав решението за купување акции од „Македонска банка”, кои ги купивме преку брокерска куќа. Никој до тогаш не знаеше дека ние ги купуваме акциите. Откако ги купивме, ги префрливме парите на брокерска куќа, која потоа им ги исплатила на сите што продаваа акции од „Македонска банка”. И тогаш и сега, не ги знам кои се од акционерите на банката продаваа акции преку берзата – рече Нини во сведочењето. и нагласи дека никогаш некому не понудил поткуп за купопродажбата на „Македонска банка”, ниту такво нешто се случило.
Инаку, за утре треба да се распрашаат тужителот Никола Груевски и тужениот Зоран Заев. Засега е неизвесно дали двајцата ќе се појават во судницата.
Да потсетиме лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред пет месеци го обвини премиерот Никола Груевски дека наводно тој лично ја продал „Македонска банка”, на српскиот бизнисмен Нини и дека за тоа актуелниот премиер добил 1,5 милиони евра во кеш. За ваквото обвинување Груевски поднесе тужба против Заев и побара обештетување во висина од 500.000.00 евра, што е досега најголемо побарано оштетно побарување во еден судски спор за клевета.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*