Home / Економија / ЕСМ паралелно функционира на две патеки -обезбедување електрична енергија во криза и инвестирање во обновливи извори

ЕСМ паралелно функционира на две патеки -обезбедување електрична енергија во криза и инвестирање во обновливи извори

-Европската енергетска криза ги остежнува активностите од зеленото сценарио, и во Европа и кај нас, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на енергетската конференцијата МЕФ 2022 во Охрид.

   Говорејќи на панелот ,,Нови пристапи во постигнувањето на целта за нет-зеро”, Ковачевски порача дека АД ЕСМ паралелно функционира на две патеки , односно работи на стабилно обезбедување и испорачување електрична енергија за граѓаните, и истовремено работи на изградба на електрани на обновливи извори и спроведување на зелената агенда.

    -АД ЕСМ продолжи со инвестициите во обновливи извори и покрај енергетската криза. Токму првата фотонапонска електрана Осломеј-1 е изградена во текот на ковид кризата и енергетската криза, во исклучително тешки услови за работење, и таа електрана веќе произведува електрична енергија од сонце. Обезбедивме финансирање и за ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10MW. Имаме и други проекти за обновливи извори во подготовка, со кои имаме намера да го замениме производството од јаглен, додека базната енергија би се обезбедувала од електрани на гас, и од хидроелектраната Чебрен, кој проект исто така посветено го водиме”-изјави директорот Ковачевски.

         Ковачевски потенцира дека сите држави доживеаја последици од енергетската криза врз нивните програми за намалување на емисиите во атмосферата и спроведувањето на активности кон зеленото сценарио, а причините за тоа се големите финансиски средства кои енергетската криза ги побаруваше од државните буџети, така што и државите и енергетските компании мораа да кратат средства од други програми за да можат да обезбедат доволно електрична енергија, но и други енергенси за секодневното функционирање и потреби на граѓаните.

На крајот, директорот Ковачевски го потенцираше придонесот на  Управниот одбор и Надзорниот одбор, директорите и сите вработени во ЕСМ, со чиј максимален ангажман во време на најголемата енергетска криза воопшто, се обезбедува сигурна и стабилна испорака не електрична енергија и притоа се заштитуваат граѓаните и малите потрошувачи од енормни зголемувања на цената на струјата, нагласи Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*