Home / Колумни / Со нова влада и стари желби

Со нова влада и стари желби

               

         Точно на 31 декември, во 24 часот си замина, сега веќе Старата 2021 година.

        Сегашната генерација современици, која  ја преживеа 2021 година  можат конечно да здивнат и  да бидат среќни што ја преживеаја минатата година.

        Со одредени исклучоци, на кои им се случија убави работи, најголемиот број од граѓаните 2021 година ќе  посакаат засегаш да ја заборават.

        Но без разлика на оваа желба, истата сите ние, кои ја преживеавме 2021 година , сакале или не  уште долго ќе ја паметиме, ако не по нешто друго, туку по ијладниците загубени животи, по смртта на наши блиски, колеги, комшии, пријатели, познаници, соработници…

        Во битката со пандемијата покрај илјадниците наши (со)граѓани животот го загубија и голем број доктори, медицински сестри, болничарки кои  застана во првите редови за спасување на животот на болните од Ковид 19.

         Цели две години  живееме со чумата на 21 век, коронавирусот.

        Како стојат работите со оваа нова, но многу подмолна и опасна болест, во старо- нови варијанти  ќе се соочуваме и во оваа година.

        Колку и да се навикнавме да живееме во новата (не)нормалност, сепак сега веќе Старата 2021 година на сите нас ни донесе доста грижи, маки, премрежја, но и страдања.

        Илјадници наши (со)граѓани не дочекаа да ја испратат Старата и да ја дочекаат Новата 2022 година.

        Во 2021 година, Македонија покрај со короната се справуваше и со енергетската криза, која  ја стресе не само државата туку и светот.

        Покрај  со здравствената и енергетската  криза државата се соочуваше и со политичка криза.

        Кабинетот на Заев остана  на власт дури и тогаш кога сите му го предвидуваа неговиот крај и кога во еден момент остана без мнозинство, и со само 60 пратеници.

        Од предвремени парламентарни избори успеа да се спаси и Парламентот, благодарение на филигрантските партиско- политички игри на актуелната власт и итроштините на спикерот Џафери.

Иако никој не веруваше во тоа, минатата година во Македонија  се одржа и пописот на населението.

Толку критикувано гласање со скафнадери  од страна на опозицијата стана сосема  прифатливо и “нормално”   па и и за ВМРО ДПМНЕ.

        Но иако успеа да ги преживее сите политички битки за барање негова смена, сега веќе екс лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев по поразот на локалните избори,  обезбеденото ново парламентарно мнозинство  си даде оставка.

        Така и Заев  е веќе минато на македонската политичка сцена.

        Во политичкото минато заминаа и Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Мила Царовска…

        Сега цела одговорност за водење на партијата и државата е во рацете на новиот лидер на СДСМ и мандатарот Димитар Ковачевски, кој  ќе се обиде со новите   негови кадри и рехабилитораните кадри на Бранко Црвенковски да ја “реформира “ партијата.

        Во наредните денови Македонија ќе треба да добие нова влада предводена од премиерот (во очекување) Димитар Ковачевски.

        Дали  пуленот на Заев ќе успее да формира Влада останува да се види.

        Ако се има предвид дека сега Коалицијата предводена од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива, имаат доволно пратеници за стабилно мнозинство треба да се очекува формрање на Нова влада, чие времетраење никој не може да го предвиди.

        Новата влада на Ковачевски, како и Старата на Заев ќе се  соочи со старите проблеми и желби на граганите.

        Првите и најголеми проблеми од домашните задачи се решавање на здравствената и енергетската криаза, која ја тресе не само Македонија, туку и светот.

        Во наследство  на Ковачевски, Заев му го остави и проблемот со Бугарија, кој во изминатите години  и покрај сите лобирања и куртоазните добри оцеки од Советот на Европа и Европската комисија не се реши ни кога со ЕУ  “раководеа”  Владите на  Португалија, Хрватска, Словенија.

        Сега најава за решавање на овој спор се информациите кои доаѓаат од Франција, која  во наредните 6 месеци ќе претседава со ЕУ.

        Во Новата 2022 година со старо- нови желби влегуваат и обичните граѓани, кои покрај добро здравје и лична среќа посакаа  годинава Владата да ги реши сите нивни егзистенцијални проблеми, кои им го загрозуваат не само опстојувањето, туку и битисувањето.

        Македонија е во врвот на Европа по сиромаштијата.

        Кабинетот на Ковачевски ќе биди на тешки искушенија.

        Опозицијата осоколена по победата на локалните избори ќе го следи секој потег на власта и како што е секаде во демкратските земји ќе се обиде истата да ја сруши, доколку не ги исполни своите ветувања.

        Оттаму во оваа 2022 година на сите нас ќе ни треба многу трпение да ја преживееме годината во која зачекоривме од пред неколку дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*