Home / Вести / Со одлука на Советот, поевтини паркингот во Битола

Со одлука на Советот, поевтини паркингот во Битола

               

Директорот на ЈП Паркинзи Битола, Горан Степановски денеска  потврди дека поевтинува паркингот во Битола. Оваа одлука на ЈП Паркинзи Битола доага откако  Советот на Оптина Битола  по предлог на ЈП Паркинзи  донесе  одлука со која се изменува ценовникот за паркинг услуги со кој голем дел од услугите во јавното паркирање на отворените паркиралишта поевтинуваат.

Промените се однесуваат на нови карти од 3 часа и намалување на дневните карти во зоните А и Б.

Зона А од 55 денари за 3 часа , се намалува на 40 денари.

Зона Б од 40 денари за 3 часа , се намалува на 30 денари

Дневна карта за А и Б зона

Зона А од 250 денари се намалува на 150 денари

Зона Б од 200 денари се намалува на 130 денари.

Оваа одлука влегува на сила од денот на добивањето на согласност од Совет на Општина Битола, а ќе се применува од 01.02.2023 по процесот на имплементација на промените, велат од ЈП Паркинзи.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*