Home / Култура / Со спектакуларен настап на “Партибрејкерс“ заврши “Битола отворен град 2015“

Со спектакуларен настап на “Партибрејкерс“ заврши “Битола отворен град 2015“

Со спектакуларен настап на белградската рок атракција “Партибрејкерс” синоќа на Широк сокак во Битола заврши фестивалот “Битола отворен град 2015”. Рок бендот “Партибрејкерс” приреди одлична журка за неколкуилјадната публика која се собра на големиот концерт под отворено небо.

Со познати рефрени и динамичен сценски настап фронтменот на “Партибрејкерс” следејќи го пулсот на публиката понуди целовечерна музичка програма низ која прозвучија хитови препознатливи за сите генерации.

Со гостувањето на фестивалот “Битола Отворен град 2015” во рамките на Битфест, “Партибрејкерс”, премиерно настапија во Битола.

Нивниот голем концерт на Широк сокак беше отворен за сите љубители на музиката.

Како предгрупа на “Партибрејкерс” настапи рок бендот “Тхе Говернмент” кој пред публиката го промовираше својот нов албум “Разбуди ме”.

Меѓународниот арт фестивал “Битола Отворен Град 2015” во организација на Младинскиот културен центар Битола се одржа од 25 до 27 јуни донесувајќи програма со повеќе културни настани.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*