Home / Македонија / СОНК го прекинува штрајкот, постигнаа договор со МОН

СОНК го прекинува штрајкот, постигнаа договор со МОН

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања.

Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила.  Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог.

Ги известуваме родителите и учениците, дека наставата од утре, 4.2.2015 година, ќе продолжи нормално да се реализира во сите училишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*