Don't Miss
Home / Uncategorized / Сопственичката на ВАН ГРУП од Могила била медицинска сестра

Сопственичката на ВАН ГРУП од Могила била медицинска сестра

Сопственичката на фирмата ВАН ГРУП Л.Л. која на годинашниот Бит фест доби најмногу пари, во износ од 1.000.000 денари била медицинска сестра која работела во една приватна здраствена установа.

Според извори на порталот на Бит фест таа пред извесно време се омажила и заминала во странство, каде што живее.

Во Могила тврдат дека таа освем што работела како медицинска сестра со ништо друго не се занимавала. За кој и каков проект таа добила еден милион денари во Могила никој не знаеше да ни каже, а могилчани буквално се чудеа како можела таа да добие толку многу пари.

Зошто Л.Л. добила еден милион денари треба да одговорат луѓето од општина Битола, кои и ги исплатија тие пари, како и градоначалникот Владимир Талески, кој практично одлучувал кој колку пари ке добие.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*