.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / Советничката Илиевска најави голем криминал во битолскиот спорт

Советничката Илиевска најави голем криминал во битолскиот спорт

Советничката на ВМРО Народна Габриела Илиевска на денешната седница на Советот, на која на советниците им го презентираше обвинтелниот акт за Талески и останатите обвинети во случајот “ Траспортер” побара советниците на власта да се надминат себеси и да се дистанцираат од криминалното раководење на градоначалникот Владимир Талески.

Градоначалникот на Битола Владимир Талески има најнова кривична пријава во најава за голем финансиски скандал во спортот во Битола во изминатиот период, порача денеска од говорницата советничката во општината, Габриела Илиевска.

„Од оваа говорница предупредив и побарав да се формира Комисија од советници која ќе го испитува работењето на Владимир Талески во периодот од 2005-та до тогашниот датум. Истата од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно од мнозинството во советот беше одбиена и вооопшто не беше разгледано зошто е потребна таква комисија. Комисијата беше побарана со цел да се добијат на увид документи кои требаше и по нормален пат да ги добиеме со Законот за пристап до јавни информации но до ден денес никој ги немаше добиено.

Со неодобрувањето се покажа дека мнозинството го крие она што се случувало во гнездото на Талески. За среќа истите документи излегоа во една книга која може да се нарече прв том за Владимир Талески, со црно писание каде ги има сите документи, фактури, договори, преговори и имиња и презимиња на сите оние кои ја злоупотребувале својата положба.

Ние како советници треба да ги знаеме тие работи и дека доколку тогаш ги прифатеа можеби и денес нема да имаме ваква седница, со ваков дневен ред со вакви завршни сметки и што е уште потрагично се луѓе кои се наоѓаат во овој за ваша информација обвинителен акт кои седат се уште на своите функции”, изјави Илиевска.

Таа побара да се формира комисија која ќе испита дали раководството на општината работи за интересите на граѓаните. Комисијата би била формирана од советниците кои ќе добијат можност да имаат ревизија и следење на сите документи, преговори и договарања кои се случиле во општина Битола во сферата на спортот од 2014 година до денес.

„Талески има најнова кривична пријава во најава за голем финансиски скандал во спортот во Битола во изминатиот период. Денес имате прилика да покажете дека веќе нема да го поддржувате и дека не е точно дека вие сте неговото прикриено тело и ќе покажете дека сакате транспарентно да одат одлуките во општина Битола”, додаде таа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*