.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Советот на Битола со заклучок:Нема добродојде за мигрантите

Советот на Битола со заклучок:Нема добродојде за мигрантите

По многу расправии, дебати,бројни паузи советниците на мнозинството,на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “ За подобра Македонија “ во отсуство на опозицијата која ја напушти седницата донесоа заклучок со кој општината Битола остро се спротиставува на изградба на кампови за мигрантите на граничниот премин Меџитлија.

Откако советниците на СДСМ и нејзините коалициони партнери не успеаја да го (раз)убедат мнозинството  наместо нивниот предложен заклучок сосема поникав, во кој советниците на Советот тврдат  дека во Битола нем ада се изградат никакви кампови за мигрантите тие ја напуштија седницата и не учествуваа во гласањето.

-ВМРО ДПМНЕ сиот период од 11 години колку што беше на власт владееше со сеење срав, се обидува и сега да се врати на власт со сеење страв за граганите, истакна советничката на СДСМ, Наташа Петровска.

Кога советниците не ги усогласија своите политички ставови советниците на опозицијата ја напуштија седницата по кој мнозинството со мнозинство на гласови донесе заклучок со кој општина Битола остро се спротиставува за изградба на кампови за бегалците на граничниот премин Меџитлија.

Инаку на денешната седница на Советот советниците расправаа за изгласување одлука за поставување на места за поставување на рекламни материјали за време на лкалните избори, како и за користење на просториите на Урбаните заедници за одрѓување средби со граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*