.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Советување и поддршка на мали бизниси преку ЕБОР

Советување и поддршка на мали бизниси преку ЕБОР

Денеска во Битола се одржа презентација на тема: Можности за советување и поддршка на мали бизниси преку Европската банка за обнова и развој.

На настанот учествуваа претставници од ЕБОР, од бизнис секторот, граѓанскиот сектор итн. Пред присутните беа презентирани досегашните успешни примери на развој на одредени бизниси кои повеќе години функционираат кај нас, а по советите од експерти на ЕБОР, станале уште поуспешни и поконкурентни како на домашниот, така и на надворешниот пазар.

bsc 4

На стопанствениците, советите од ЕБОР им помагаат во советодавниот дел нивните бизниси да бидат што поуспешни и на домашниот пазар, но и конкурентни и на другите пазари.

-Како ЕБОР ја промовираме идејата дека пристапот во знаење е подеднакво важен за раст на компаниите , како и пристапот на финансии. Многу од компаниите направиле промени во начинот на нивното работење, само на база на еден добар совет од компетентна личност и во вистинско време . Досега во Македонија сме работеле со 690 компании од различни сектори и резултатите покажуваат дека компаниите ја зголемуваат нивната продажба, во просек од 70 проценти, што е исклучителен податок кој покажува дека нашата интервенција носи кон развој на бизнисот- изјави Маја Антевска, претставник на ЕБОР во Македонија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*