Don't Miss
Home / Uncategorized / Спомен соба со восочни фигури на творците на албанската азбука

Спомен соба со восочни фигури на творците на албанската азбука

Со одржување на бројни манифестации, во Битола свечено беше одбележана годишнината од формирањето на албанската азбука. На свеченоста покрај преставници на Владата, на трите државни универзитети, Тетовскиот, универзитетот Мајка Тереза и универзитетот на Југоисточна Европа, присуствуваа и претставници на универзитетот во Приштина како и гости од Косово и Албанија.

За Албанците овој настан е од исклучително значење затоа што до 22 ноември 1908 година тие пишуваа на четири различни азбуки. На 22 ноември 1908 година во денешниот спомен-музеј во Битола е одржан конгрес на албанските интелектуалци, на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо.

Денот на создавањето на албанската азбука има голема важност за сите Албанци и овој датум се смета за еден од клучните настани во нивната историја, а со унифицирањето и стандардизирањето на азбуката тие се определуваат како проевропски народ.

Битолскиот конгрес бил отворен на 15 ноември и траел до 22 ноември 1908 година, а на него учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. По еднонеделна работа, била усвоена одлуката да се прифати латиничното писмо, но со извесни промени на буквите, кои ќе бидат адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.

Како еден од основните елементи се смета писмото на кое пишува тој народ, како средства за себеидентификување, промовирање на националната мисла и на карактерот на нацијата. Азбуката што е усвоена на овој конгрес се користи како единствено писмо на сите Албанци.

Инаку во чест на единаесетте членови на комисијата, кои пред 108 години ја формираа Албанската азбука во Битола свечено беше дадеа во употреба спомен соба со нивни восочни фигури.

За уредувањето на спомен собата со восочни фигури Министерството за култура издвои вкупно 8 милиони денари.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*