Home / Uncategorized / Споменик за жртвите од Првата светска војна откриен во Градешница

Споменик за жртвите од Првата светска војна откриен во Градешница

За време на чествувањето на големиот христијански празник Св. Илија и во пресрет на најсветлиот национален празник Илинден, градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски заедно со уметникот и скулптор по потекло од село Градешница, Златко Бојковски, пред голем број присутни жители од селото и гости го овековечија чинот на откривањето на споменикот „Коњ“, како симбол на посветен на сите жртви од Првата
светска војна.

Ова дело е донација од уметникот и скулптор Златко Бојковски, кој по потекло е од Градеѓница, а живее и работи во Скопје, кој изрази желба да се постави ваков споменик во неговото родно село Градешница.

Овој споменик, кој е поставен во рамките на одбележувањата за крајот на Првата светска војна, Златко Бојковски го изработувал три години, и е изработен од шрапнели од бомби кои ги собирал на Кајмакчалан и Добро Поле, на местата каде се водел Солунскиот фронт.

– Споменикот ја симболизира победата на животот над смртта, кој по многу години војна и жртви, сепак, победува. Симболизирајќи го новиот живот, иако е изработен од материјали што служеле за убивање на луѓе, токму од тој материјал се раѓа и новиот живот – вели скулпторот Златко Бојковски.

Донаторот истакна дека овој споменик е еднинствениот во државата подигнат во чест на жртвите од Првата светска војна и голема е честа токму во неговото родно село кое страдало во минатото да биде истиот поставен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*