Don't Miss
Home / Спорт / Спортската сала “ Боро Чурлевски “ целосно ќе се реконструира

Спортската сала “ Боро Чурлевски “ целосно ќе се реконструира

                  

          Во врска со состојбите во битолскиот спорт и состојбата во спортската сала “ Боро Чурлевски“, советникот Борче Корлевски на прес конференција изјави.

          -Како локална власт во Општина Битола, предводена од СДСМ и Колицијата, продолжуваме со поддршка на сите спортски клубови, на сите спортски здруженија и битолки спортисти, но исто така креираме и имплементираме нови инфраструктурни проекти и реконструкција на сите постоечки објекти.

        За цел период од превземањето на локалната власт СДСМ одговорно работи на создавање подобри услови за сите спортисти во Општина Битола, за што најголем показател е годишниот буџет на Програмата за спорт со која се подржува спортот во Битола, особено во делот на реализацијата на Платформата за ракометна Битола.

         Што се однесува до Спортската сала Боро Чурлевски во која денес се наоѓаме, локалната самоуправа и партнерот Еурофарм ги исполнија сите строги критериуми на ЕХФ и СЕХА за одигрување натпревари од највисок европски ранг. На задоволство на сите битолчани и битолската ракометна јавност, Битола повторно, после децении, стана домаќин на натпревари од Лигата на ракометните шампиони, натпревари од СЕХА лига, Лига на Европа, како и домаќин на Македонската ракометна репрезентација. 

        Тоа, почитувани, е плод на огромната разлика помеѓу оговорниот и партнерски пристап што оваа локална власт го има со спортските чинители во градот и некогашната и поранешниот неодговорен и манипулативен однос на тогашната власт, а сегашна опозиција и нејзините приврзоци. 

Проблемот со затоплување на спортската Сала “Боро Чурлевски” е децениски проблем кој навидум го решаваа ДПМНЕ  со искористување европски пари, но како и се во нивното владеење проблемот остана. Ги “средија” само парите во сопствените џебови. Но, тоа не е оправдување, туку напротив уште од првиот ден претставуваше предизвик за негово решавање.

Во завршна фаза на реализација е проект за дореконстуркција на Спортската сала Боро Чурлевски кој се реализира во рамките на програмата за прекугранична соработка Бенифит. Завршен е огласот за јавна набавка за изведување на реконструктивни работи, односно целосна промена на кровот на спортската сала, како и целосна промена на дотраената и нефункционална дограма на спортската сала, со што ќе се обезбеди постигнување на енергетска ефикасност на целиот објект. Тоа ќе овозможи решавање и на проблемот со затоплувањето и ладењето на салата.  Во тек е склучување на договор со изведувачот кој ќе биде избран за извршување на реконструкцијата и истиот ќе има рок од 4 месеци во целост да ги заврши сите обврски кои се предмет на набавката.

       Само за потсетување, пред само нецела година, точка на дневен ред беше “Платформа за ракометна Битола” која беше предложена токму од оваа локална власт и поддржана од нашиот партнер Еурофарм, за враќање и создавање уште поголем ракометен гигант РК Еурофарм Пелистер. И тогаш и денес наводно загрижените опозициони претставници во советот негодуваа и НЕ ја подржаа Платформата, како што и денес негодуваат за проблеми кои се во фаза на решавање.

Почитувани спортотски работници и љубители на спортот,

ветивме пред избори дека во континуитет ќе бидеме на терен, заедно со вас, а не само пред избори и ќе ги решаваме проблемите. Бидете и понатаму гласни и слободни во вашите барања. Ние сме тука да испорачаме решенија, изјави Корлевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*