Home / Uncategorized / Средба Дескоска – Џафери

Средба Дескоска – Џафери

Собраниската седница за законот за Јавното обвинителство доцни речиси два часа.

Според собраниски извори, во Собранието пристигнала нова верзија на законот, при што некои од пратениците побарале дополнителни консултации со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во Собранието пристигнала и министерката за правда, Рената Дескоска, која е на средбата со спикерот Џафери.

Новата верзија на законот пристигнала доцна попладнево кога претходно партиите од албанскиот блок Беса и Алијансата за Албанците се изјаснија дека законот за нив е неприфатлив.

Во исчекување договор за законот, односно обезбедување мнозинство, во собраниската сала има само неколку пратеници, што не навестува дека седницата ќе почне бргу.

Синоќа, во Владата беше усвоен предлог-законот за Јавното обвинителство. Откако законот претрпе измени поради усогласување со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од Алијансата за Албанците и Беса се изјаснија дека нема да го поддржат. Седницата беше закажана за 17 часот.

Кога пратениците ќе дадат зелено светло, законот треба да помине на Комисијата за европски прашања и по завршувањето на расправата, се очекува да биде донесен со двотретинско мнозинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*