Home / Вести / Средба на градоначалничката Петровска со потомците на Фотев

Средба на градоначалничката Петровска со потомците на Фотев

                  

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, при денешната посета на селото Бизтрица оствари средба со внуката на Богоја Фотев и нејзиното семејство. Д-р Вера и нејзиниот сопруг Лав, кои живеат во Скопје, а кои  викендите и слободното време, најчесто ги минуваат во Бистрица.

Градоначалничката Петровска им се заблагодари на поканата и честа  да го посети домот на овој македонски борец и политичар, во времето кога нашата земја го градеше историскиот пат на возобнова.

Богоја Фотев, кој со семејството се доселиле во Бистрица во 1914 година, избран беше во Президиумот на АСНОМ како прв повереник за финансии.

 На Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 година беше избран за повереник за земјоделство, а во април 1945 година, при изборот на првата Македонса влада, е назначен за министер за земјоделство и шумарство.

Во  април 1946 година ја презема функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*