Home / Uncategorized / Средба на Заев со коалиционите партнери

Средба на Заев со коалиционите партнери

Премиерот Зоран Заев оствари средба со претседателите и претставниците на политичките партии од владината коалиција.

– Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла, многу е значајно взаемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите – истакнал Заев на средбата.

Во текот на разговорот, Заев се задржал на повеќе прашања од интерес за граѓаните на земјата, како и теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите седум месеци се преточиле во конкретни мерки и законски решенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*