Don't Miss
Home / Култура / Се е подготвено за 37 издание на Малиот битолски Монмартр

Се е подготвено за 37 издание на Малиот битолски Монмартр

Среда, со палењето на огнометот и отворањето на Светската изложба на детски ликовни творби, во Старата битолска чаршија стартува 37 издание на Малиот битолски Монамртр.

Повеке од 110 гости од 16 земји во светот, ке земат учество на годинашното   37 издание на „Малиот битолски Монмартр “ кој ќе се одржи од  23 до 30 мај во Битола.

Ова беше речено на прес конференцијата  во Детското ликовно студио “ Кирил и Методиј “ во Битола пред одржувањето на Малиот битолски Монмартр.

На прес конференцијата  идејниот творец и раководител на студиото,  Коста Хаџиантоновски истакна дека  првите учесници на годинашниот “Мал битолски Монмартр”  веќе пристигнаа во Битола.

– Битола во наредните седум дена ќе биде еден од најголемите детски ликовни центри за младите таленти од светот. Битола ќе биде оаза на млади ликовни творци. Таква светлина и толку голема афирмација е реткост во светот. Годинава на конкурсот учествуваа 38 земји од светот кои  испратија 12 илјади цртежи. Уште порадосен сум што светската изложба по 15 години лобирање го добива заслуженото значење и влезе  во програмата на Министерството за култура, како културна манифестација од посебно значење за државата, рече творецот на „Малиот битолски Монмартр”, Коста Хаџиантоновски, на прес-конференцијата.

Учесниците на Колонијата, в недела,  на 27 мај еден ден  ќе творат во Охрид на темата старата Охридска архитектура.

.         Коста Хаџиантоновски   на прес конференцијата искажа зборови на задоволство кон Министерството за култура  и Општината Битола, кои  годинава  финаниски ја помогнаа колонијата.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*