Don't Miss
Home / Uncategorized / Стартува акцијата “Избираме најуспешни битолчани 2019”

Стартува акцијата “Избираме најуспешни битолчани 2019”

         

          Со завршувањето на Старата 2019  и доаѓањето на Новата 2020 година, Битолски весник ја почна  традиционалната акција “ Избираме најуспешни битолчани 2019”

          Веќе во овој број го објавуваме првиот  гласачки купон преку кој нашите читатели ќе можат да гласаат  за своите кандидати, кои сметаат дека треба да  добијат некое од  признанијата на Битолски весник.

          И покрај тоа што  Весникот сеуште је нама(ше) најавено Акцијата, во редакцијата на Битолски весник веќе пристигнаа првите предлози за некое од признанијата, што е само добра најава дека како и во сите изминати 20 години и оваа година интересот за Манифестацијата ќе биде исклучително голем.

          Инаку, како што е познато, читателите на Битолски весник можат да гласаат на купоните кои ги објавуваме на огласната страница, како и на нашиот меил битолскивесникЖѕахоо.цом.

          И годинава како и во сите изминати 20 години претходно, ќе бидат избрани најуспешните битолчани  во областа на политиката, бизнисот, образованието, културата, естрадата,  новинарството, спортот, невладините организации, банкарството, а ќе бидат доделени и награди за животно дело и трајни вредности, како и наградата “ Ајри Демировски”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*