Don't Miss
Home / Uncategorized / Стартува манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани“

Стартува манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани“

Со крајот на старата 2016 година, Битолски весник стартува со подготовките за организирање на традиционалната манифестација “Избираме најуспешни битолчани“, која ќе се одржи по 18. пат.

Со одржувањето на 18-та по ред, традиционална манифестација “Избираме најуспешни битолчани“, оваа манифестација, за која  битолчани велат дека претставува битолски “Оскар“, влегува во своето полнолетство.

На 24 февруари, 2017 година Битолски весник по 18. пат ќе ја организира манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани“, која одамна ги надмина локалните рамки и стана препознатлив бренд во Битола и Македонија.

На 24 февруари 2017 година, манифестацијата ќе влезе во своето полнолетство.

Токму затоа, Битолски весник годинава многу порано ги почна подготовките за нејзино организирање, бидејќи на 24 февруари ќе биде прославен и роденденот на  манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани“, 18 години од нејзиното организирање.

Сите оние кои сакаат да влезат во потесниот избор, за признанието на Битолски весник, својата кандидатура можат да ја најават со пополнување на еден од купоните кој ќе почнеме да ги објавуваме од следниот број.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*