Don't Miss
Home / Вести / Стартуваше најновото издание на фестивалот на класична музика “ Интерфест“

Стартуваше најновото издание на фестивалот на класична музика “ Интерфест“

               

Со изведбата на  балетските претстави „Валпургиска ноќ“ и „Кармен“  на уметниците од Националната опера и балет, синоќа во  Битола почна 31. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

 Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

-Интерфест е  фестивал  кој обединува повеќе уметности, балет, театарски претстави и секако концерти на сериозна музика, каде гостуваат познати домашни и светски уметници, истакна на отворењето градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој притоа подвлече дека Општната Битола секогаш ќе го подржува фестивалот.

Инаку 31 издание на „Интерфест“ изобилува со богата програма и врвни уметници кои доаѓаат од Италија, Германија, Србија и други европски држави.

–Конечно од оваа година повторно ќе се вратиме и во велепната концертна сала на Офицерскиот дом. Публиката е со нас и тоа посебно не охрабрува. Така ќе биде секоја вечер, рече  Милица  Шперовиќ Рибарски.

         За време на фестивалот, кој ќе трае до 12 октомври, на сцените во НУ Центарот  за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народниот театар и Офицерскиот дом, годинава освен македонски, ќе настапат и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.

Во рамките на годинешното издание на фестивалот се и ликовната изложба „Пат за Дихово” на Миливоје Новаковиќ Кањош, од Србија, претставата на Ларс Норен: „Демони” во режија на Васил Христов и во изведба на Битолскиот театар, поетската вечер со Славко Јаневски, на која ќе настапи актерот Петар Мирчевски.

Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат и дисперзираниот концерт на Лучиано Помпилио, гитара, Италија, кој беше изведен во Национална галерија „Даут Пашин Амам”, Скопје.

 Интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест -Битоа кој традиционално се одржува во октомври, е основан во 1992 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*