.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Столтенберг со писмо до Спасовски:Добродојдовте во НАТО

Столтенберг со писмо до Спасовски:Добродојдовте во НАТО

Во писмото што до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски пристигна денеска, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пишува дека земјите членки на Северно-Атлантскиот договор ја известиле Владата на Соединетите Американски Држави дека тие го прифатиле и ратификувале Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, потпишан на 6 февруари 2019 година во Брисел, и дека следствено на тоа, Протоколот стапил во сила.

„Во име на сите земји членки, чест ми е да Ве известам и да Ви ја упатам поканата да се придружите на Северно-Атлантскиот договор“, пишува во писмото генералниот секретар Столтенберг.

Согласно Членот 10 од Северно-Атлантскиот договор, Република Северна Македонија станува полноправна членка на НАТО со денот на депонирањето на пристапниот инструмент во Владата на Соединетите Американски Држави.

„Дозволете ми да ја искористам оваа прилика и да го изразам моето задоволство, како и задоволството на сите земји членки на НАТО, во однос на претстојното пристапување на Северна Македонија во Алијансата“, пишува генералниот секретар Јен Столтенберг во писмото кое денеска е упатено до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*