Home / Вести / Стопанска банка од утре ќе ги исплаќа мартовските пензии

Стопанска банка од утре ќе ги исплаќа мартовските пензии

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите почитувани клиенти/пензионери дека исплатата на пензиите за овој месец ќе започне на 25.03 со тоа што во периодот од 25.03 до 27.03 сите пензионери кои ја добиваат пензијата во Стопанска банка а.д. Битола ќе можат да ги подигнат своите пензии на некој од банкоматите на Банката.

Почнувајќи од 28.03, покрај на банкоматите, исплатата на пензии ќе започне и во експозитурите на шалтерите на Банката.

Бидејќи во случајот станува збор за поризична и посензитивна група на граѓани, во насока на заштита на нивното здравје, а согласно препораките на институциите со цел превенција, и минимизирање на ризикот за ширење на вирусот Ковид-19, од Банката апелираат на тоа широката мрежа на банкомати на Стопанска банка а.д. Битола да се искористи за подигнување на пензиите, а посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Доколку се работи за случај кога е неопходно да се посети експозитурата, Банката Ве замолува да се придржувате до сите препораки и мерки за заштита. Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе Ви бидат дадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*