Јавното претпријатие “ Стрежево “ наскоро ќе почне со изгрдба на фотоволтаична централа со јачина од 1MW.
Централата ЈП “ Стрежево “ ќе ја гради во катастарската парцела на селото Црнеец, Битолско.
Инаку за иницијативата за изградба на фотоволтаична централа во селото Црнеец, Битолско, во Општината Битола се одржа јавна презентација и јавна анкета за локална урбанистичка планска документација за формирање на градежна парцела.
На тој начин ЈП “ Стрежево “ ќе ја реализира својата иницијатива за изградба на фотоволтаична централа и производство на сопствена електрична енергија.
Инаку главната дејност на ЈП “ СТрежево “ е наводнување на преку 20.000 ха, земјоделски површини во Пелагонија.