Don't Miss
Home / Вести / Стрежево“ и РЕК “Битола“ договорија редовно снабдување со сурова вода

Стрежево“ и РЕК “Битола“ договорија редовно снабдување со сурова вода

Јавното претпријатие „,Стрежево” и АД ЕСМ, подружница РЕК „Битола” го потпишаа договорот за снабдување на РЕК „Битола” со сурова вода од акумулацијата Стрежево.

Директорот на ЈП ,,Стрежево” – Битола, Методија Граматковски, и директорот на РЕК „Битола”, Пеце Матевски, го потпишаа договорот со кој Стрежево ќе обезбеди 12.000.000m³ непреработена вода на годишно ниво за потребите на РЕК „Битола”.

            Потребните 12.000.000m³ вода за 2022 година се обезбедени во целост.Хидросистемот „Стрежево” му испорачува вода на рударско-енергетскиот комбинат „Битола” за непрекинато, квантитативно покривање на потребите од сурова, непреработена вода во термоенергетската сфера, односно за ладење на разладните кули на блоковите, ладење на кондензаторот на турбината, ладење на лежиштата од поголемите електромотори и за други намени.

На средбата меѓу првите луѓе на „Стрежево” и РЕК „Битола” беше потенцирана искрена заложба за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка, се вели во информацијата од РЕК “ Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*