Don't Miss
Home / Вести / Студенти од САД и Швајцарија од македонско потекло во посета на Битола

Студенти од САД и Швајцарија од македонско потекло во посета на Битола

           

            Во рамките на програмата “ Право по раѓање“ тројца студенти и средношколци  од САД и шбајцарија по потекло македонци деновиве претстојуваат во Битола.

Гости на Битола се Наум Хофман од Вашингтон, чии предци се од Скопје, Метју Костов од Детроит, а родум од Преспа и Кристијан Димкос од Цирих, чии семејство води потекло од  Леринско.

Наум Хофман  кој  доаѓа од Вашингтон  студира компјутерски науки.

-Првпат доаѓам Битола. Ми се допаѓа многу Битола, многу е поразлична од Вашингтон. Животот тука е  посмирен , луѓето имаат имаат време да разговраат и пијат кафе, а онаму од каде сум е многу брза живеачката“, вели  Хофман.

Метју Костов од Детроит по петти пат доаѓа во Македонија, а семејството во минатото од Љубојно му се преселило во САД.

-Студирам на Универзитетот во Мичиген насока хемија и биологија. Многу сакам да доаѓам во Македонија, Битола, Љубојно. Местото е многу убаво. Јас секогаш им кажувам на пријателите колку е убава Македонија, колку опуштено е тука. Мноу е убаво јадењето, местата, па и девојките’, вели  Метју..

Кристијан Димкос е најмладиот од тројцата посетители, учи во интернационално средно училиште во Цирих, Швајцарија, а семејството има потекло од Леринско.

Инаку оваа прогама се  организира по шести пат, но за првпат со вклучување на Битола.

 Иницијативата за нејзино проширување ја покренаа четири невладини организации, во кои членуваат и универзитетски професорки Рената Петревска- Нечовска од „Хаб за тактички менаџмент“, Мимоза Богдановска- Јовановска од Центарот за локални иницијативи, Моника Ангелевска- Дичовска „Инова лаб“ и Светлана Петковска од Здружение на жени-Битола.

Гостите беа пречекани и во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Битола.    -Тоа се деца чии родители или прародители се отселиле од Македонија и таа втора-трета генерација на наши сонародници е најдобрата за одржување на врски со нивната претходна татковина. Првата генерација кога ќе замине се соочува во новите земји со многу проблеми, работа, желби за подобар живот, но втората и третата генерација кои веќе ги уживаат благодетите на нивните нови татковини сега доаѓаат тука да се остварат врски. Тука главната основа е желбата за трансфер на знаење, бизнис, заработка. Ќе ги запознаеме со нашите факултети. И убедени сме дека кога ќе се вратат во земјите од каде доаѓаат ќе не поврзат со нивните факултети, па кога ќе бидат биснимени можеби и ќе ја продолжат соработката и со стопанството од регионот, вели  проректорот и иден ректор  на Битолскиот унивезритет Игор Неделковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*