Home / Македонија / Студентите на протест против екстерното тестирање

Студентите на протест против екстерното тестирање

Неколку илјади студенти денеска одржаа протестен марш под мотото “Заедно против екстерното тестирање на факултетите“, а по повод Меѓународниот ден на студентите.

Откако на споменикот на “Свети Кирил и Методиј“  кај Ректоратот закачија транспарент „Брате Кириле, џабе ни беше се“, студентите тргнаа кон просторииите на Студентскиот парламент, а од таму до Владата и до Министерството за образование.

Студентите извикуваа „Не за екстерно“ и „Ние сме студенти, а не клиенти“, и носеа транспаренти „Активирај се, реализирај се, студентизирај се“ и „Екстерното е титаник на високото образование“.

Според организаторите, целта на протестот е поттикнување на студентскиот активизам и обединување на студентите против најавената реформа во високото образование за надворешна проверка на знаењето на студентите.

– Сметаме дека одбраната на студентските права не е само потреба, туку е и обврска на секој студент. Студентите не се пасивизирана маса чија единствена цел е стигнување до парчето хартија наречено диплома, туку се свесни и активни чинители на едно општество и не дозволуваат да бидат обесправени во него, повика „Студентски пленум“.

 

Извор:  Вест

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*