Home / Вести / Субвенциите за инвертерите дури во септември!?

Субвенциите за инвертерите дури во септември!?

         

          Битолчани субвенциите за купување на инвертери, кои требаше да ги добијат во април месец, најверојатно ќе  ги добијат во претстојната есен.

          Иако Владата средсвата во висина од 2, 5 милиони евра уште пред неколку месеци ги префрли на жиро сметката на Општината Битола, сепак засега сеуште немаа ништо од доделувањето на субвенциите за набавка на ивертерите за битолчани.

          Средствата седат неискористени, а битолчани не знаат кога истите ќе ги добијат.

          Засега останува нејасно и зошто Општината Битола толку доцни со објавувањето на јавниот повик за распределба на субвенциите за купување на клима уреди.

          Најпрво  јавниот повик требаше да биде распишан во месец април, за потоа да биде ветено дека средставата ќе бидат поделени во јуни.

          Сега, откако веќе изминува и летото од Општинската администрација уверуваат дека јавниот повик, ќе биде објавен кон средината на месец септември.

          Инаку со субвенциите кои во висина од 10 милиони евра по одлука на Владата  ги издвои ЕСМ,  од кои 2,5 милиони евра беа наменети за  2.50 семејства во Битола, кои требаше да добијат по 1.000 евра за секое домакинство, се сметаше дека граѓаните на  Битола ќе можат да го намалат загадувањето на воздухот, кое тогаш кога се носеше одлуката беше навистина неподносливо.

          Но подоцна по појавата на пандемијата со ковид 19 сите граѓани, па и битолчани загадувањето на воздухот го ставија во втор план и носејќи маски на лицето гледаа исклучиво како да се заштитат од последициците на оваа пренослива смртоносна заразна болест, која досега однесе над 530 жители на Македонија.

          За чистиот воздух во овој момент малкумина од нив помислуваа, па и локалните власти на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*