.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Судењето на актерот Сашко Огненовски стартува од почеток

Судењето на актерот Сашко Огненовски стартува од почеток

Судењето на познатиот битолски актер и екс- директор на битолскиот Народен театар Сашко Огненовски, кој со неправосилна судска  пресуда на Основниот суд во Битола беше осуден на казна  затвор во траење  од  2 години за измама,   почна  од почеток.
По укинувањето на  пресудата  од страна битолската Апелација, во Основниот суд  судењето почна од почеток.
На судскиот процес  покрај обвинетиот Сашко Огненовски присуствуваа и неколкумина оштетени вработени во битолскиот театар, кои пишувајќи му се за жиранти на Огненовски заглавија по неколку илјади евра.
Инаку со одлука  на Основниот суд во Битола за измама на жирантите Сашко Огненовски беше осуден на две години затвор.

Подоцна тој замина во САД, а некои тоа го протолкуваа како негово бегство за да не  ја одлежи казната и да не ги врати парите.

Но неодамна,  Сашко  Огненовски се врати во Битола и присуствуваше на судењето.

Во меѓувреме според изјави на  некои од оштетните наводно Огненовски  почнал да им ги  враќа на некои жиранти  парите.
Судењето  ќе продолжи во  јануари идната година.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*