Home / Uncategorized / Сурогат мајка роди близначиња за својата ќерка

Сурогат мајка роди близначиња за својата ќерка

Во болницата Плодост вработените деновиве постигнаа нов успех.

51-годишна жена како сурогат мајка роди две близначиња.

Сурогат мајката на свет донесе две близначиња за нејзината ќерка.

Реткото сурогат мајчинство го овозможи  тимот за ин витро фертилизација (ИВФ)  предводен од прим. Д-р Таше Трпчевски, со д-р Христијан Трпчевски, ембриолозите Николче Огненовски, Горан Стефановски и Стеван Матиќ и медицинските сестри Снешка Димитровиќ и Анета Дамчевска.

Мајката веќе три години била во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво ѝ го вратил месечниот циклус, а потоа преку ин витро постапка биле оплодени јајце клетки од нејзината ќерка со клетки од сопругот на девојката. 51-годишната жена беше само носител на гестациската старост на бебињата. Во текот на бременоста таа немаше проблеми, а во 37-мата недела со бебињата беа родени со селективен царски рез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*