.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Свечено отворен “Локум фест”

Свечено отворен “Локум фест”

Синоќа, во Битола, во рамки на најдолгото и најбогато со културни настани Битолско културно лето “Битфест 2015” започна деветтото издание на “Локум фест” традиционална манифестација што се одржува во Битола во организација Центарот за културна деконтаминација.

lokum 9  lokum 5

„Локум фест” во изминативе години израсна во манифестација чија главна цел е заживување на Старата битолска чаршија.
На свеченото отворање на Фестивалот, битолчани ќе имаат можност да уживаат во музиката на велешките чалгии.

lokum 11  lokum 12
Програмата на овогодинешното издание на „Локум фест” вечерва ќе ја збогати македонската легенда, познатата македонска пејачка, битолчанката Виолета Томовска, која ќе настапи заедно со групата “Ѓердан“.
-Верувам дека во овој амбиент на старата чаршија „Локум фест” ќе биде прекрасен оваа година. Јас лично сум многу среќна што настапувам втората вечер заедно со групата “Ѓердан”. Поканата ја прифатив веднаш затоа што се работи за мојот град, за традицијата, за да се навратам во детството со локумот затоа што до ден денес моите блиски кои доаѓаат во Скопје им нарачувам да ми донесат локум- истакна музичката легенда, Виолета Томовска.

lokum 8

Деветто издание на Локум фест се реализира со поддршка на Општина Битола, кој воедно и е дел од политиката на општината за поддршка на независна културна сцена.

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*