Home / Вести / Светиот синод побара да се почитуваат мерките на заштита

Светиот синод побара да се почитуваат мерките на заштита

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на духовденската задушница, апелира до верниците при посетата на гробовите на своите ближни да ги почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции.

– Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а наедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства – се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА.Од Синодот истакнуваат дека христијанството е вера во чија основа се љубовта, грижата и жртвата кон ближните, па затоа го повикуваат верниот народ и во оваа пригода да придонесе во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*