.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / СВР Битола за загинувањето на параглајдеристот

СВР Битола за загинувањето на параглајдеристот

Во врска со загинувањето на параглајдеристот од Унгарија во селото Мусинци со соопштение се произнесе СВР Битола. Во соопштението се вели:

На 11.07.2017 година во 18:00 часот во СВР Битола пријавено било дека во атар на с.Мусинци пронајдено било починато лице-параглајдерист Ф.Б. (50)од Будимпешта- Унгарија, унгарски државјанин.

Настанот се случил на 11.07.2017г кога се одржувал спортски натпревар – трка со параглајдери со стартно место „Трескавец”, Општина Прилеп, каде учесник бил и унгарскиот државјанин Ф.Б. Лица од селото околу 17:30ч забележале параглајдер како се движи во правец север -југ, односно во близина на далеководот, за да во еден момен зафатил во најгорниот вод од далеководот, се превртел, по што паднал под истиот на земја. На паднатото лице пружена му била помош при што го откачиле од држачите на параглајдерот, но безуспешно.

Повикана била и пристигнала екипа од брза помошБитола при што констатирана била смрт.

За настанот известен бил ЈО, кој заедно со увидна екипа од ОКТУПА Битола извршиле увид на местото на настанот.

По наредба на ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција, која ќе биде извршена на 12.07.2017 година во Клиничка Болница Битола се вели во Соопштението на СВР Битола.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*