.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Тачи: Jа преземам одговорноста за изборниот резултат на ДПА

Тачи: Jа преземам одговорноста за изборниот резултат на ДПА

Претседателот на ДПА Мендух Тачи целосно ја презеде одговорност за постигнатиот резултат на партијата на предвремените парламентарни избори.

– Одговорноста за лошиот резултат на ДПА на изборите ја преземам целосно јас како претседател на партијата и од срце им се заблагодарувам на сите наши активисти што го направија невозможното. Но, има и една голема победа – конечно ДУИ ги загуби катастрофално изборите кај Албанците. Победници на овие избори се движењето Беса и НДП што се во коалиција. Искрено им честитам и им кажувам дека ја имаат подршката од ДПА. Нашите гласови и нашите пратеници ќе ги подржат без никакви услови – рече Тачи на прес-конференција што се одржа во партиското седиште на ДПА во Тетово.

Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа што значи преземање на целосната одговорност за изборниот резултат на ДПА Тачи изјави дека се знае кога претседател на партија ја презема одговорноста.

– Јасно е, но не смеам вечерва да го кажам тоа, бидејќи ги чекаме конечните резултати и не сакам ништо да драматизирам. Се знае кога презема претседателот одговорност. Од сите членови на ДПА и симпатизери никој не е одговорен освен претседателот – потенцира Тачи.

Во однос на проценките за резултатот од изборите и зошто толку многу Албанци во Тетовско и на други места го подржале СДСМ, Тачи рече дека проценките на ДПА се дека Беса има од 9 до 10 освоени мандати, ДУИ 7 или 8, ДПА 3 или 4 и остануваат уште двајца пратеници што ќе се знаат по конечните резултати.

– Добро направија сите Албанци што гласаа против ДУИ. Ќе се сложите дека тоа беше кампањата на Мендух Тачи и на ДПА. За секого гласајте само за ДУИ немојте, и тоа се оствари – изјави Тачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*